Радовишанец навредувал полицајци па се соблекол пред нив

Триесетидвегодишниот Г.И. од Радовиш вчера вечер направил хаос во угостителски објект.

Тој бил пријавен за нарушвање јавен ред и мир.  Откако полициските службеници излегле на лице место, радовишанецот започнал да ги навредува, омаловажува, притоа соблекувајќи ги панталоните.

Од страна на полициски службеник му било укажано да престане со недоличното однесување, но истиот продолжил да вика и со тупаница го удрил полицискиот службеник во пределот на градите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.