Радовишанец претепан и ограбен на Исарот

Жител на радовишкото село Коџалија вчера бил крвнички претепан, а потоа и ограбен, од тројца штипјани кои се нафрлиле врз него на Исарот во Штип, соопшти СВР Штип.

Случајот го пријавил негов другар од Коџалија, кој кажал дека И.О.(28), С.И.(20) и И.И.(21) првин се нафрлиле со тупаници врз С.М.(28) од Коџалија, а потоа го турнале на земја и продолжиле со тепањето. Притоа од неговите џебови зеле три мобилни телефони и еден машки паричник во кој имало 24.300 денари. Полицијата интервенирала и набргу ги фатила тепачите, а кај нив ги пронашла и мобилните телефони и паричникот.

Насилниците биле приведени во полициска станица, а тепаниот бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде лекар утврдил дека му се нанесени тешки телесни повреди.