Радовишанец силувал 12-годишно девојче

Дваесет и едногодишен радовишенец силувал 12-годишно девојче, ќерка на негова пријателка кај која отишол на гости, инфомира денеска полицијата.

Според полицијата, радовишанецот Ш.Ј. во вторникот дошол во семејната киќа на Б.С. (29) во Штип и извршил полов напад врз нејзината малолетна ќерка.

По пријавата на случајот во полиција, на Ш.Ј.му е изречен притвор во траење од 30 дена.