Радовишанец во ист ден украл мотор и велосипед

Радовишанецот И.Т. на први овој месец извршил две кражби со што причинил материјална штета од околу 270 илјади денари.

Тој на булеварот „Александар Македонски“ и улицата „15-ти Корупус“ во Радовиш користејќи згодна прилика од под терасата од куќа одзел моторцикл, додека на друга локација одзел и велосипед со што причинил материјална штета од околу 270.000 денари.

Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците.