Радвишанец се обидел да го убие таткото на сопругата

Дваесет и тригодишниот М.М. од Радови доби кривична пријава поради сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 26. декември минатата година во дворното место од куќата во с.Тополница, каде престојувале пријавениот и неговата сопруга настанала семејна расправија помеѓу него и таткото на неговата сопруга, во која пријавениот со секира му нанел тешки телесни повреди во пределот на слабината.