Рафа Маркез пристигна во Верона

Капитенот на Мексико и довчерашен играч на тимот на Леон, Рафа Маркез, се врати во Европа, односно во тимот на Верона.

35-годишнниот дефанзивец повторно ќе се испроба во некоја од силните европски лиги, а со оглед на тоа какви настапи пружи на Светското првенство во Бразил, Маркез сеуште не го кажал последниот збор.

„Рафаел Маркез направи трансфер во Верона во Серија А лигата, се надеваме дека ќе има голем успех во ова негово ново поглавје од кариерата” – стои во соопштението на веќе неговиот поранешен клуб Леон.