Рафаел Надал го најави својот “камбек”

По подолга пауза, љубителите на тенисот ќе имаат прилика да уживаат во игрите на најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал, кој најави дека ќе се врати на терените следната недела, за АТП-турнирите во Пекинг и Шангај. Вториот светски рекет не одиграл ниеден меч уште од осминафиналето на Вимблдон, во јули, кога загуби од Австтралиецот Ник Кирјос.

Повредата на дланката беше причината за неговото отсуство од турнејата низ Америка и од УС Опен.

„Рафаел ќе игра во Пекинг и Шангај. Нема големи очекувања, но тоа се добри вести поради враќањето на теренот,“ објави Б1ПР агенцијата.
Турнирот во Пекинг почнува в понеделник, а веднаш потоа на распоредот е турнирот во Шангај. Дотогаш, Надал ќе одигра два егзибиска меча против Жо-Вилфрид Цонга во Казахстан.

Ако се чувствува добро и по турнирите во Кина, Надал до крајот на сезоната го очекуваат настапи во Базел, Париз и на завршниот Мастерс во Лондон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.