Рафиња ги скина лигаментите – следува пауза од 4 до 6 месеци

Рафиња ги скина лигаментите, ќе паузира од четири до шест месеци

Сепак, поголем проблем за тренерот на “каталонците”, Луис Енрике е повредата на Рафиња Алкантара.

Само што влезе во игра, Рафиња настрада при еден старт на Раџа Наинголан, по што веднаш стана јасно дека повредата е многу сериозна. Денешните прегледи го потврдија стравувањето на сите во Барселона, а тоа е дека се работи за кинење на лигаментите на коленото.

Повредата на Рафиња е многу сериозна, тој ги скина лигаментите на коленото и го очекува пауза од најмалку 4 месеци, соопштија од лекарскиот тим на Барселона.

Овој фудбалер беше прва резервна опција на Енрике за средниот ред, а во одредени ситуација дури и за навалната линија на Барселона. Во ситуација кога тимот го напуштија Чави и Педро, а Барса поради казната од УЕФА не може да смета на Видал и на Арда Туран до јануари, “каталонците” загубија многу значаен адут за ротација на екипата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.