Рахој ја распушти каталонската влада и распиша избори

Шпанскиот премиер Маријано Рахој ја распушти во петокот вечерта владата на североисточната автономна покраина Каталонија и распиша предвремени парламентарни избори во покраината за 21-ви декември, откако шпанскиот парламент ги одобри мерките за воведување директни овластувања на Мадрид со покраинските органи.

Првите мерки коишто ќе ги преземе шпанската влада е отстранување од функцијата на каталонскиот претседател и челник на владата Карлес Пучдемон, потпретседателот Ориол Жункерас и другите советници, односно министри на каталонската влада, изјави шпанскиот премиер Маријано Рахој на прес-конференцијата во Мадрид.

Нивните овластувања ќе ги преземат шпанските министерства во Мадри кои ќе ги преземат и раководењето со каталонската полиција и ќе гои распуштат каталонските делегации во светот, познати како ткн каталонски амбасади.

„Никогаш не сакавме да ги воведеме овие мерки. Никогаш не сакавме да дојдеме во оваа ситуација. Но веќе не можеме да загубиме ниту една минута, мораме што поскоро да го вратиме владеењето на законот и да ја вратиме ситуацијата во нормалата“, изјави Рахој.

„Бе ја суспендиравме автономијата на Каталонија, ниту ќе ја намалиме, ниту ќе интервенираме, туку ќе поставиме преодна администрација за да може животот на населението да се врати во нормала“, тврди шпанскиот премиер и додава дека има „мирни“ и „умерени“ мерки за спроведување на законот во согласност во уставот.

Меѓутоа, останува нејасно што ќе се случи доколку каталонската полиција, како и при одржувањето на референдумот за независност кој го забрани шпанскиот уставен суд, покаже непослушност. Исто така, нема јасно решение, како ќе се однесува владата во Мадрид доколку и на предвремените парламентарни избори во Каталонија повторно победат сепаратистичките партии.

„Ова е тажен ден за Шпанците. Грабнато е мнозинството Каталонци. Ја одведоа Каталонија во слепа улица“, рече Рахој алудирајќи на гласањето во парламентот на покраината каде што мнозинството гласови на пратениците беше изгласана независноста на Република Каталонија.

Шпанскиот премиер, притоа, сепак ги повија граѓаните ширум Шпанија и Каталонија да останат мирни. Рахој, исто така, изјави дека владата во Мадрид ќе бара од уставниот суд да ја поништи резолуцијата на каталонскиот парламент за независност.

Мерките покрај неговата конзервативна владејачката Народна партија ги подржаа и опозициските партии Социјалистите од PSOE и партијата од центарот Граѓани.