Рахој одбива да седне на иста маса со косовскиот претседател

Шпанскиот премиер Маријано Рахој дефинитивно нема да присуствува на самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи во Софија на 17 и 18 мај, пишуваат белградските медиуми, повикувајќи се на добро информирани извори во Европскиот совет.

Тој во главниот град на Бугарија ќе дојде да присуствува само на неформалниот собир на Европскиот совет еден ден порано, но нема да остане на централниот собир.

Причина за ваквата одлука на Рахој, како што пишуваат медиумите, е неговото категорично одбивање да седне на иста маса со косовскиот претседател Хашим Тачи и косовските претставници на средбата.

Бугарија го организира самитот на ЕУ-Западен Балкан според т.н. Гимних формат, што подразбира присуството на сите учесници да биде без обележја и имиња на земјите или регионите.