Рахој: Вонредните мерки ќе продолжат за Каталонија, доколку Пучдемон повторно ја води владата

Шпанскиот премиерот Маријано Рахој порача дека шпанската валда ќе го задржи управувањето со Каталонија доколку во оваа автономна покраина следните седмици Карлес Пучдемон повторни стане претседател на владата, иако се наоѓа во егзил во Белгија поради апсењето коешто му се заканува во Шпанија поради организирањето на референдумот за независност на регионо и нејзиното прогласување ланскиот октомври.

Во среда ќе биде одржана првата седница на новиот состав на каталонскиот парламент по предвремените парламентарни избори од 21-ви декември коишто ги распиша владата во Мадрид откако ја суспендираше автономијата на Каалонија. На изборите повторно мнозинството мандати го освоија партиите кои се застапуваат за независност чиј кандидат за претседател на владата од 29-ти октомври се наоѓа во Брисел.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој смета дека е „апсурдно“ Пучдемон да има намра да ја извршува оваа должност од Брисел „во бегство од правосудството“. Каталонскиот лидер е обвинет во Шпанија за бунт против државаа, користење јавни (каталонски) средства за организирање и спроведување на референдумот и за гласањето во каталонскиот парламент кога беа прифатени резултатите од плебисцитот кој го забрани шпанскиот Уставен суд и прогласувањето самостојна Република Каталонија.

„Со претпоставка дека некој во Брисел биде избан за претседател на владата на каталонија, членот 155 ќе остан не сила“, порача Рахој во говорот на неговата владејачка Народна партија (PP), која е на власти од 2011 година.

Со членот 155 од уставот на Шпанија, министерствата на централната влада ги преземаат управувањата со администрациите на покраините, кои според уставот донесен со воведувањето на демократијата во оваа земја во 1980-те немаат право на референдум кој може да се одржи само на национално ниво.

Противниците на каталонската независност сметаат дека е неопходно физичко присуство на кандидатот за претседател на владата во текот на гласањет во парламентот во Барселона. Тврдат дека е задолжително присуството Пучдемон за да може да дојде до дијалог меѓу него и пратениците во парламентот во текот на именувањето. Ваквото толкување на правници не е зконски обврзително, па го наруши Шпанската социјалистичка партија на каталонија (PSC), поборник на целовитоста на Шпанија. Во него се оттфрла можноста Пучдемон да учествува в расправата обраќајќи се преку екран од Брисел.

Поборниците на незавиноста размислуваат за избор на личноста којашто во име на Пучдемон би го прочитала во парламентот инаугурацискиот говор. Рахој порача дека во тој случај ќе вложи жалба пред шпанскиот Уставен суд кој досега ги запираше сите обиди за отцепување на Каталонија.