Раиконен ја вози последната сезона во Формула 1

Возачот на формула 1 тимот Ферари, Финецот Кими Раиконен, најверојатно ќе ја вози последната сезона во „најбрзиот циркус“, а по истекот на неговиот договор, во 2015 година планира да ја заврши кариерата.

„Ќе бидам тука додека не ми истече договорот, а потоа ќе се повлечам. Мислам дека така ќе се одвиваат работите во иднина“, изјави Раиконен.

Финскиот возач во моментов се наоѓа на 12.позиција во генералниот пласман, на осум трки освои вкупно 19 бодови, додека неговиот клупски колега Фернандо Алонсо е на четвртото место со 79 освоени бодови. Раиконен (34) во својата кариера има 20 победи а претходно возеше за Ред Бул, Мекларен, Лотус и за Ферари.