Раиконен: Мојот прв автомобил беше „Лада“

Кими Раиконен, некогашниот шампион во Формула 1 и возач на Ферари, призна дека единствено сака нормален живот и уживање во трките.

Кими најверојатно и наредната година ќе вози за Скудерија, во која, како што призна и ќе ја заврши кариерата.

„Би било убаво да се ужива во нормалниот живот, но очигледно тоа е невозможно кога сте возач на Формула 1“, вели искусниот Кими.

„Трките се многу важни, но и многу други нешта. Не можам да кажам дека сум сакал да бидам возач на Формула 1 уште од детството. Прво возев мотокрос, а подоцна се заинтересирав за картинг. Беше прекрасно, па посакав повеќе“, додава Финецот.

„Меѓутоа не верував дека ќе возам во Форула 1. Само сакав што подолго да возам картинг“, рече Кими изјавувајќи дека во младоста сакал подобар автомобил, но не и сега.

„Возам нормален автомобил, кој го олеснува животот“, нагласи славниот пилот и откри кој бил неговиот прв автомобил.

„Тоа беше руска лада. Ја добив од пријател и го сменивме само моторот. Беше тоа добар и квалитетен автомобил. Исто така, ја обоивме во црна боја, бидејќи беше црвена“, истакна Кими.

„Говорејќи за во иднина, автомобилистот призна дека се ќе биде потешко кога ќе добие дете.

„Имам договор за 2015 година, можеби и на уште година дена. Но, веќе не сум млад. Сакам да го поминувам времето и покрај Формула 1. Ќе ја завршам кариерата во Ферари“, порача Финецот.

„Уште ја немам изгубено страста, но кога нема да уживам тогаш ќе биде крајот. Најголем предизви ќе ми биде семејството, ќе биде потребно многу време и енергија“, потенцира асот.

Кими призна дека нема да го советува сопственото дете да тргне по неговите стапки, како и дека за тоа ќе разговара со Себастијан Фетел.

„Себастијан е единствен возач со кој разговарам не само за трките. Тој е обично момче, со него лесно ќе комуницира. Ќе се консултирам со него за подигањето на дете, бидејќи има повеќе искуство од мене“ рече Кими за ЕСПН, а пренесува руски Спорт.