Раиола: Фергусон нема поим што зборува

Раиола ги негира обвинувањата на Фергусон во врска со заминувањето на Погба од Јунајтед

Фергусон не го препозна талентот на Погба. Ако тој не ме сака, тоа е само еден голем комплимент за мене. Ова значи дека јас си ја вршам работата одлично. Јас работам за доброто на мојот клиент, не за доброто на менаџерите и тимовите. Ако гледав за мој интерес, тогаш ќе го натерав Погба да остане во Јунајтед за да имам добри односи со овој клуб за во иднина. Ферги едноставно не веруваше во Погба. Од неговите зборови јас сфаќам дека тој нема поим што зборува. Фергусон е одличен менаџер, но и најголемите понекогаш грешат, потенцираше Раиола.

Пол Погба си замина од Манчестер Јунајтед во 2012 година и се пресели во Јувентус без никаква отштета. Неговата вредност во моментов се проценува на околу 100 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.