Раиола го нападна Чезаре Прандели и Барбара Берлускони

Најпознатиот фудбалски агент на денешницата, Мино Раиола, јавно ги нападна сите тие кои вината за неуспехот на Италија на Мундијалот во Бразил ја лоцираат кај неговиот клиент, Марио Балолети, а ништо подобро не помина ниту потпретседателката на Милан, Барбара Берлускони.

„Срамни се тие коментари. Како тоа да има само еден виновник за лошиот резултат. Не ми се верува дека има такви кои мислат дека со еден фудбалер може да се освои светската титула. Јас не сум изненаден од овој неуспех. Италијанските клубови имаат очајни резултати во Европа. Како да се очекува успех на меѓународната сцена? Не го познавам Прандели, но имаше губитничка тактика. Не знам од каде таа идеа да се освојат трите бода со еден напаѓач. Костарика нападна со три напаѓачи. Марио е многу тажен. На неговата страна застана само Адријано Галијани. Галијани застана и против Фудбалската федерација на Италија која се уште молчи. Марио е заљубен во Милан, Марио е таму каде што е сакан. Истото не можам да го кажам за Барбара Берлускони. Ако има некаков проблем може слободно да ме побара, ќе најдеме решение”, изјави Раиола.