Раиола: Ибра како да игра фудбал со мали деца

Мино Раиола, агентот на најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, откри дека го има замолено неговиот клиент повеќе да не постигнува атрактивни погодоци во француската Прва лига и во Купот на Франција.

Бобардерот на ПСЖ, пред неколку дена постија вистински евро-гол на куп натпреварот против екипата на Нант.

„Го видов тој погодок и многу се смеев. Добив впечаток дека Златан игра против моите деца. Го побараб после натпреварот, му кажав повеќе да не постигнува толку атрактивни погодоци. Му кажав дека поради таквите негови погодоци, луѓето добија впечаток дека е многу лесно да се игра во Франција, добија впечаток дека во Франција играат дечиња. Знам дека има една легенда дека пранешниот фудбалер на Милан, Нил Лиедхолм подолг временски период немал грешно додаванје. Сепак, еден ден, Лиедхолм не го проиграл својот соиграч, а во истиот момент шведскиот интернационалец добил громогласен аплауз од целиот стадион. Фановите најпосле сватиле дека и Нил е само човек. Кога ќе дојде тој ден, кога Ибра ќе даде нормален погодок, тогаш и мојот клиент ќе добие громогласен аплауз”, изјави Раиола.