Рајан порача дека е попуста иницијативата за заштита на специјалниот обвинител на САД

Најмоќниот републиканец во американскиот Конгрес, претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, оцени во вторникот дека е целосно бескорисна иницијативата на сенаторите од двете страни за заштита на специјалниот обвинител Роберт Мјулер кој го истражува наводното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016 година и додаде дека не очекува дека претседателот Доналд Трамп.

Републикански и демократски сенатори ја претставија минатата седмица мерката за заштита на Роберт Мјуелр, или кој и да е друг иден специјален обвинител откако против претседателот кој би се обидел да го отпушти без „добра причина“ и наложуваат покренување на судска ревизија во случај на негово отстранување од должноста.

Позицијата на специјалниот обвинител е посебна во САД и зависи од министерството за правда, коешто единствено може да го отпушти.

Откако беше именуван на оваа позиција Роберт Мјулер, во мај 2017 година, претседателот Доналд Трамп се воздржуваше да го критикува ткн „супер иследник“, поранешен шеф на Федералното биро за истраги (FBI), функција на којашто го именуваше поранешниот републикански претседател Џорџ В Буш во 2001 година. Меѓутоа, Трамп минатата седмица реши да го прекине молкот и го обвини специјалниот обвинител дека ги влошил американско-риските односи со истрагите коишто ги „насочувале деморкатите“.

Иницијативата на сенаторите се доживува како едно од најстрогите предупредување за Доналд Трамп, но претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, рече дека во вторникот за тоа разговарал со шефот на државата. „Тоа не би било во интерес на претседателот, но мислам дека тој тоа го знае“, рече републиканецот.

Мјулер ја истражува наводното руско мешање во американскиот изборен систем, како и дека имало договор меѓу Русија и, како што беше подоцна ретерирано, некои членови од изборната кампања на Трамп.

„Ние не мислиме дека треба да биде отпуштен. Не веруваме дека ќе биде отпуштен“, изјави Рајан за новинарите и заклучи дека „оние не мислат дека тоа е потребно“.