Рајанер откажа 600 летови поради штрајк

Ирскиот авиопревозник Рајанер откажа речиси 600 летови, објави ББЦ.
ИОткажувањето на летовите почнало уште пред две недели поради штрајк на персоналот во Белгија, Португалија и Шпанија. Штрајкот на европската воздухопловна екипа дојде по бунтот на ирските пилоти на Рајанер.

Откажаните летови ќе вклучуваат околу 50.000 патници кои резервирале билети за патување до или од Белгија, Португалија и Шпанија во периодот од среда 25 јули до четврток, 26 јули.

Рајанер се извини за инцидентот и вели дека сите патници се известуваат преку електронска пошта или СМС за новата ситуација. Доколку патниците не добиле известување за откажани летови, нивниот лет ќе биде закажан според закажаниот распоред.

Во средата авиокомпанијата го потврди откажувањето на 24 летови помеѓу Ирска и Велика Британија закажани за петок, 20 јули, поради пилотскиот штрајк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.