Рајконен најбрз на вториот трениг во Сингапур, Фетел удри во ѕид

Возачот на Ферари, Кими Раjконен, оствари најдобро време на вториот слободен тренинг пред трката за Големата награда за Сингапур, додека неговиот клупски колега Себастијан Фетел удри во ѕид.

Раjконен имаше најбрз круг од 1:38.699 минута, додека со 11 илјадитинки задоцнување втор беше лидерот во генералниот пласман и актуелен шампион Луис Хамилтон од Мерцедес.

На третата и четвртата позиција завршија возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо, а петти беше вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.

Фетел заврши на деветта позиција, откако удри во ѕид и го оштети задниот дел на болидот, комплетирајќи само 11 кругови.

Третиот тренинг на патеката „Марина Беј“ ќе се вози утре.