Рајковиќ им се извини на навивачите на Работнички

Стратегот на најтрофејниот македонски кошаркаски тим  Работнички, Емил Рајковиќ не го криеше разочарувањето по поразот од  Куманово (94:92) во четфртфиналето од Купот на Македонија.

“На самиот старт бевме хендикепирани со повредата на нашиот најдобар играч Соколов, имавме големи проблеми и со големиот број лични грешки и тоа што натпреварот отиде во продолжение не беше во наша корист. Мислам дека погрешивме со агресивноста како и скокот кој затаи во последните моменти кога се кршеше резултатот. Им се извинувам и на навивачите кој дојдоа овде да не бодрат, но ние за жал не можевме да победиме за нив” изјави Рајковиќ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.