Рајковиќ: Работнички ќе игра во финалето на плејофот

Тренерот на најтрофејниот македонски кошаркарски тим Работнички, Емил Рајковиќ не беше задоволен од претставата на своите избраници во дуелот со шампионот МЗТ Скопје во шестотото коло од Суперлигата. Работнички на домашен терен беше совладан со 89:73. Гостите постојано беа во водство на овој натпревар и во ниеден момент не дозволија домаќинот да се надева дека може да победи. Но, Рајковиќ верува дека Работнички ќе игра во финалето.

„Не очекувавме ваков развој на настаните, но мораме да му честитаме на противникот. Игравме цел меч без плејмејкер, се соочувавме со многу проблеми во изминатиот период, но ветувам дека Работнички ќе игра во финалето на плејофот. Што се однесува до самиот натпревар, промашивме многу чисти шутеви во првото полувреме, МЗТ Скопје успеа да се одлепи, а потоа беше тешко да се анулира големата негатива“, изјави Рајковиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.