Ракета истрелана од Газа падна на територијата на Израел

Ракета истрелана од Појасот Газа денеска падна во јужен Израел, во близина на границата, првпат од септември, соопшти армијата.

Сирените за воздушна тревога се огласија во регионот Ешкол, кој се граничи со палестинската територија, пренесува Танјуг. Израелските медиуми објавија дека ракетата паднала на отворен простор и не предизвикала штета. Во септември ракетата падна на граничната ограда.

Израел летово седум недели војуваше против Хамас, исламистичката организација која ја контролира Газа. Хамас тогаш истрела илјадници ракети и гранати кон Израел.

Израелската армија ги нападна позициите на Хамас од воздух, од море и од копно. Повеќе од 1.200 Палестинци загинаа, 66 израелски војници и шест цивили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.