Ракетен напад од Сирија врз турска територија – двајца повредени

Две ракети од сириска територија денеска се истрелани врз турскиот пограничен град Килис, при што повредени се две лица.

Како што пренесуваат турските медиуми ракетите биле истрелани утрово нешто пред девет часот по локално време (осум часот по средноевропско време).

Килис досега во неколку наврати беше цел на ракети и гранати истрелани од сириска територија. При еден од ваквите напади минатиот месец загинаа едно возрасно лице и едно дете.

Се претпоставува дека нападите се извршени од страна на припадници на џихадистичката група Исламска држава, која ја контролира територијата од сириската страна на границата кај Килис.