Ракети од Либан повторно испукани кон Израел

Ракети од јужен Либан денес се испукани кон Израел, што предизвикало оган од израелската артирелија, рекле либанските безбедносни претставници и израелската армија, пренесоа медиумите.

Тоа е трет ракетен напад од Либан од петокот досега. Израелскиот полициски портпарол рекол дека немало извештај за штетите и жртвите од ракетниот оган.

Никој досега не превземал одговорност. Нападите од Либан се поклопиле со израелската офанзива на појасот Газа, во која како што наведуваат палестинските претставници, загинале повеќе од 170 луѓе.

Палестинските организации испалиле стотини ракети на Израел во текот на најновите судири. Израелскиот воен портпарол, бригадниот генерал Моти Алмоз ги поврзал ракетите од Либан со судирите во Газа.

„Некои на другата страна се обидуваат да ја запалат границата. Ние не сме изненадени од тоа, спремни сме, знаеме дека борбите во Газа можат да влијаат и на други подрачја“, рекол Алмоз за на военото радио.

Немало повреди во трите инциденти преку либанско израелската граница, наведува Ројтерс.

Либанската национална новинска агенција јавила дека две ракети се испалени веднаш после полноќ.

Израелската војска соопштила дека неколку ракети од Либан се испалени на подрачје на западна Галилеја и дека едната паднала на отворено.

„Немало извештај за повредите досега. Израелската одбранбена армија веднаш одговорила со артилериски оган кон изворот на огнот, навела војската во сооштението.

Очевидци во Либан слушнале најмалку пет ескплозии на либанската страна на границата очигледно предизвикани од израелското гранатирање.

Либанските безбедносни сили во петокот уапсиле човек осомничен дека испукал ракета во првиот од трите напади. Тој е Либанец и член на фундаменталистичка група, но не се кажува која.

Минатиот август бригадите на Абдула Азал, организација поврзана со Ал Каеда превземале одговорност за ракетниот оган од Либан.

Хамас претходно ги негирал дека стои зад нападите од Либан во саботата. Официјалните лица на оваа организација во Либан рекле дека таа нема ништо со соопштението издадено во име на военот крило во кое се превзема одговорност.

Јужен Либан инаку е упориште на шиитскиот Хезболах кој војуваше со Израел повеќе од месец  дена во летото 2006 година.