Ракети пронајдени на аеродромот во Белград

Две ракети со експлозивни полнења биле пронајдени на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Проектилите со должина од 1,5 метри биле во багажот на авионот на редовната линија Ер Србија кој во Белград, долетал од Бејрут.

Во согласност со редовната постапка, багажот бил истоварен од авионот, но полициските кучиња намирисале експлозиви. Сандаците во кои бил експлозивот веднаш биле обезбедени и била спроведена истрага.

Во тек е прегледот на документацијата.