Ракетирана амбасадата на САД во Кабул, пред говорот на Трамп за Авганистан

© AP Photo/Massoud Hossaini, архив

Неколку часа пред американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето до нацијата да ги изложи новите планови на САД за својот ангажман во Авганистан, во понеделникот вечерта агенциите јавуваат дека е ракетирана американската амбасада во авганистанската престолнина Кабул.

Експлозијата се случила во понеделникот ноќта по локално време во централниот региона на Кабул, каде што е ткн безбедна зона во којашто се сместени бројни амбасади на странски земји. Во диплoматските мисии е прогласена тревога, пренесува агенцијата Reuters.

Според информациите на агенцијата, кусо пред експлозијата во дипломатската мисија на САД била примено предупредување за претстоен ракетен напад.

Агенцијата Xinhua забележува дека дипломатскиот кварт во 22,10 часот по локално време бил погоден од ракета. Засега нема податоци за штети и натрадани.

Reuters  истакнува дека нападот се случил неколку часа пред специјалното обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп  „од армијата и американскиот народ“, коешто би требало да се случи околу 3 часот во вторникот утрото по македонско време.

Според најавите на медиумите, Трамп притоа треба да објави дека американските сили во Авганистан ќе бидат зголемени за дополнителни 4.000 војници за да се спречи надмоќта на исламистичките групации кои оваа земја може да ја претворат во своја база за планирање напади врз САД и нивните сојузници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.