„Ракетите“ рутински против „Минесота“

Кошаркарите на „Хјустон“ ја одбранија предноста на домашен терен во четврт финалето од плеј-офот на Западната конференција во НБА лигата, откако и во вториот натпревар ја победија „Минесота“, овој пат со 102: 82.

Најдобрата екипа на западот рутински ја оствари победата во која најефикасни беа Крос Пол со 27 поени, како и Џералд Грин со 21 поен и 12 скока, додека кај гостите најдобар беше Србинот, Ненад Бјелица.

Тој во првиот натпревар не доби голема минутажа, но вчера за 18 минути на паркетот беше најдобар во својот тим. Бјелица имаше шут 5 од 9 со 16 поени, како 8 асистенции и два скока.

Ѕвездите на тимот Ендрју Вигинс и Џими Батлер имаа 13 односно 11 коша.