Спорт

Ракитиќ: Не сум замена за Фабрегас или Чави

Ракитиќ: Не сум замена за Фабрегас или Чави

Пред да помине задолжителните лекарски прегледи, најновата милионската аквизиција на каталонскиот гигант Барселона, Иван Ракитиќ изјави дека не е ангажиран за да биде наследник на Сеск Фабрегас или на Чави Хернандез.

„Јас не дојдов на “Ноу Камп” за да бидам наследник на некој фудбалер кој игра или играл во дресот на Барселона. Јас сум дојден како Иван Ракитиќ, а не како замена за Чави или Фабрегас. Можам да ветам дека ќе дадам се од себе, дека ќе играм како што играв и во дресот на Севилја. Пак ќе повторам, најмногу сум им благодарен на претседателот и на спортскиот директор на Севилја. Тие знаат дека во ниту еден не побарав да бидам продаден на Барселона. На сите ни одговараше понудата на Барселона”, изјави Ракитиќ.