Ракитиќ продаден на Барса за 20 милиони евра

Раководните лица на Севилја и на каталонскиот гигант Барселона најпосле постигнаа договор околу веќе најавениот трансфер на хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ.

Одличниот играч за врска во следните пет сезони ќе престојува на “Ноу Камп”, а раководните лица на Севилја од продажбата на Ракитиќ очекуваат фиксна заработувачка од 20 мил. евра, но истата ќе биде зголемена во зависност од игрите и успехот кој Иван ќе го постигне во дресот на каталонскиот гигант.

Со потпишувањето на понудениот 5-годишен договор, репрезентативецот на Хрватска си осигура и годишна заработувачка од 4 мил. евра.