Ракитиќ се пофали дека игра со најдобрите напаѓачи на денешницата

Летната аквизиција на каталонскиот гигант Барселона, хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ е убеден дека во новата клупска сезона ќе соработува со најдобрите напаѓачи во фудбалскиот свет.

Одличниот играч за врска се пресели на “Ноу Камп” откако неговиот поранешен клуб го прифати понуденото обештетување од 20 мил. евра.

“Меси, Суарез и Неимар се најдобрите три напаѓачи во фудбалскиот свет. Мора да бидам што е можно поблиску до нив, само така ќе научам нешто ново. Мора да функционираме како една целина, да дејствуваме како тим, како силен тим. Барселона не е само Меси, Неимар и Суарез. Сите имаме своја улога, која мора да ја одиграме на најдобар можен начин. Со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона. Не знам на која позиција ќе играм, се уште не сум разговарал со Луис Енрике”, изјави Ракитиќ.