Спорт

Ракометарите ги започнуваат квалификациите за ЛОИ во Рио

Ракометарите ги започнуваат квалификациите за ЛОИ во Рио

Македонската машка ракометна репрезентација денеска го започнува својот настап на квалификацискиот турнир преку кој ќе брка пласман на Олимписките игри во Рио летово.

Полска е прв противник на црвено-жолтите во олимписката квалификациска група 1 чии средби ќе се играат во полскиот град Гдањск.

Натпреварот ќе започне во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути, а претходно од 18 часот и 30 минути во првата средба ќе играат Чиле и Тунис.

Пласман на Олимпијадата во Рио ќе обезбедат двете првопласирани селекции.

Во другите две групи, во Малме и Хернинг за место на олимпијадата ќе се борат: Шпанија, Словенија, Шведска и  Иран  (група 2 – Малме, Шведска) и Данска, Хрватска, Норвешка и Бахреин (група 3 – Хернинг, Данска).