Ракометарите го одржаа првиот тренинг

Во претходните неколку дена македонските ракометари имаа тренинзи во помошната сала во Ал Сад, но синоќа за прв пат влегоа и на борилиштето каде во петок ќе го играат деби мечот со Тунис.

„Лусаил“ е најголемата сала во Доха каде ќе се играат натпреварите на долго очекуваниот Мундијал.

Има капацитет од 15.300 седишта и таму домаќинот Катар ќе ги игра сите натпревари, но ќе се играат и некои натпревари од другите групи. Ова е прво светско првенство каде сите натпревари се играат во три сали во еден град.

sala-katar-500

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.