Ракометарите ја добија Грција за протвник во баражот за СП

Македонската ракометна репрезентација има големи шанси да се пласира на Светското првенство во Катар во 2015 година. „Црвено-жолтите“ имаа голема среќа при ждрепката за бараж натпреварот и за противник го добија најпосакуваниот противник селекцијата на Грција.

Дополнителна преднос за нас е тоа што ждрепката сакаше првиот натпревар да го играме во Грција (7/8 јуни), а реваншот е закажан за 14/15 јуни во Македонија.

Двојки за баражот за пласман на СП во 2015 година

Грција – Македонија, Русија – Литванија, БиХ – Исланд, Црна Гора – Белорусија
Унгарија – Словенија, Романија – Шведска, Полска – Германија, Србија – Чешка, Австрија – Норвешка