Ракометарите конечно пристигнаа дома

Македонските ракометари рано утринава пристигнаа на аеродромот “Александар Велики”.

Прв кој го пречека беше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој им посака добредојде и им честиташе за освоеното 9-то место, што е наш најдобар пласман на светските првенства.

aerodrom

По заслужениот одмор кој ќе го добијат репрезентативците, ќе се вратат во своите клубови, додека стручниот штаб ќе се зафати со работа а се со цел што подобра подготовка за квалификациите за Европското првенство во Полска, бидејќи сеуште постојат шанси за оваа генерација ракометари да заврши на Олимписките игри во Рио 2016 година.

aerodrom2