Ракометарите на Металург демантираат дека си одат од клубот

Македонските ракометни репрезентативци кои се дел од клубот од Автокоманда, негираат дека заминуваат од македонскиот првак.

По пишувањата дека дел од нив веќе нашле нови клубови за кои ќе настапуваат, за „Македонски спорт“ Дејан Манасков, Ренато Вугринец, Филип Миркуловски, Гоце Георгиевски велат дека не им е јасно од каде се тие информации и истите ги поврзуваат со лага и шпекулација.

Играчите се надеваат дека во следните дена ќе биде извесна ситуацијата за клупската иднина во Металург дека се ќе се разреши.