Македонија

Ракометарите на Пелистер: Да се слушне гласот на македонскиот народ! (ВИДЕО)

Ракометарите на Пелистер: Да се слушне гласот на македонскиот народ! (ВИДЕО)

Покрај огромниот број граѓани од Битола, поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА дадоа и ракометарите на Пелистер.

-Овде сме да дадеме голема поддршка на иницијативата за заедничка Македонија и да кажеме стоп на тиранската платформа која е направена во туѓа држава за туѓи интереси. Прифаќањето на платформата нема да го направи македонскиот народ посреќен и нема да доведе до крај на кризата во Македонија. Сакам да им се обратам на политичарите- малку да ги оладат главите, да почнат да размислуваат потрезвено и да застанат во одбрана на македонските интереси и македонскиот народ кој е на улица и треба да го слушнат нивниот глас. И на крај пак ќе кажам НЕ за федерализација, НЕ за поделба на Мкаедонија, НЕ за двојазичност на цела република, НЕ за промена на името, знамето и химната, истакна голманот на репрезентацијата Кирил Колев.

Битолчани и вечерва испратија пораки за унитарна Македонија, зачувување на идентитетот, името, знамето и химната и за отфрлање на тиранската платформа.

bitola

-Битола е космополитски град, град на сите народи, и од сите вери и едноставно треба да живееме во мир и спокојство, истакна пензионерот Стеван Бојаџиев.

Поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА даде и Сашко Савевски, директор на здружението „Непокор“ кое ја негува, чува, заштитува, ја снима и афирмира македонската музика и македонските музичари.