петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 64

Ракометарите на Пелистер поуспешни од Прилеп

Ракометарите на Пелистер ја постигнаа осмата победа во Супер лигата откако синоќа во одложен натпревар од 11.коло го победија Прилеп на негов терен со 35:30 (19:14). Овој дуел беше одложен поради обврските на битолчани и настапот во Челинџ купот.

пелистер

Поврзани вести

Најзаслужни за победата на Пелистер беа Бојан Маџовски кој постигна 6 голови и Богдан Николиќ со 5, додека голманот Никола Даниловски имаше 20 одбрани.
Кај Прилеп најефикасен беше Тренчевски со 10 голови.

Пелистер со оваа победа се изедначи на врвот на табелата со ист број на бодови со Охрид и Еурофарм Работник.

Табела: Пелистер 25 бодови, Еурофарм Работник 25, Охрид 25, Пролет 19, Металург 2 18, Борец 17, Прилеп 17, Радовиш 16, Вардар Јуниор 8, Работнички 0.

Најчитани вести