Ракометарите на Вардар гостуваат кај Нексе

(ФОТО: rk.vardar)

Шампионот на СЕХА лигата Вардар по дуелот со германскиот шампион Рајн Некар Ловен во неделата во Лигата на шампионите веќе во вторникот го очекува нов предизвик, гостувањето кај хрватскиот тим Нексе во дуел од СЕХА лигата.

Вардар оваа сезона во СЕХА лигата е лидер и има максимален учинок седум победи, додека Нексе се наоѓа на осмото место со пет бодови и само една победа. „Црвено-црните“ фаворитската улога ја имаат и на овој натпревар.

„По натпреварот во Германија против Рајн Некар Ловен, следуваат дуелите и во СЕХА лигата. Нашата цел е јасна: сакаме да го задржиме првото место. Нема да имаме многу време за подготовки за овој дуел, а ќе играме против еден силен и квалитетен состав. Верувам дека ќе продолжиме со добрите игри во ова натпреварување“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалез пред неговиот тим директно од Германија да отпатува во Хрватска.

Дуелот Нексе – Вардар се игра со почеток во 19 часот.