Ракометарите на Вардар ја завршија најуспешната година во историјата со победа над Горење (ВИДЕО)

(фото: seha-liga.com)

Ракометарите на европскиот и македонски шампион, Вардар остварија нова победа на последниот натпревар во календарската 2017 година, со победата на гости кај Горење од 30:24 во рамките на 11-ти коло од регионалната СЕХА Газпром лига и полусезоната ја завшрија со исто толку победи.

Вардар во средата вечерта го совлада словенечниот претставник Горење. На полувреме „вардарци“ водеа со 16:12, а таа предност дополнително ја зголемија во второто полувреме од мечот.

Македа и Циндриќ постигнаа по 7 голови, со тоа што Шпанецот немаше ниту едно промашување, додека Марсениќ го заврши натпреварот со 6 погодоци. Кај поразениот тим на Горење, најефикасен беше Вердинек со 4 голови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.