Спорт

Ракометарите на Вардар попладнево отпатуваа во Полска

Ракометарите на Вардар попладнево отпатуваа во Полска
Ракометарите на Вардар попладнево отпатуваа за Полска каде в недела го играат реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Во позитивна атмосфера „вардарци“ ќе се обидат да го изненадат ривалот Киелце, кој на првиот дуел во сабоата во Скопје победи со 22:20. Негативата не е недостижна, а во осминафиналето Киелце дома загуби од Монпеље со два разлика, но имаше поголема предност од првиот дуел.
Вардар ќе патува до Краков со авион, а потоа со автобус до Киелце. За Полска тргнаа сите ракометари со кои располага тренерот Раул Гонзалес, кој в недела наутро ќе реши кои 16 ќе му се спротивстават на силниот ривал.
„Црвено-црните“ утре ќе одржат тренинг во Киелце. Натпреварот ќе го суди данската двојка Мартин Гјелдинг и Мадс Хансен, додека делегати ќе бидат Дагфин Вилангер од Норвешка и Антонио Гулао од Португалија.
Дуелот Киелце – Вардар се игра в недела со почеток од 15:30 часот.