Ракометарите на Вардар први финалисти во Купот на Македонија

Ракометарите на актуелниот европски и македонски шампион Вардар рутински го совлада во петокот Пелистер со 46:27 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија, од завршниот турнир кој се игра во салата „Младост“ во Битола.

Пелистер само во првите десетина минути се носеше со скопскиот тим кога имаше и водство од два гола, но потоа кога Вардар ја постави својата игра домашните не можеа да го избегнат поразот изразен со 19 голови разлика.

 

Првото полувреме заврши со резултат 20:12 во полза на Вардар. Во второто полувреме „црвено-црните“ продолжија со истото темпо и само ја зголемуваа предноста до конечните 46:27.

Вардар во финалето ќе игра со подобриот од вториот полуфинален натпревар уште еден битолско-скопски дуел меѓу Еурофарм Работник и Металург.