Ракометарите на Вардар со целосна поддршка за кампањата за здрава храна

Ракометарите на Вардар застанаа зад владината кампања која советува дека треба да се јаде здрава храна бидејќи здравјето е избор, објавува Курир.

Тие се идоли на младите генерации, спортисти кои бележат големи успеси на кои новите спортисти се надеваат. Затоа е важно нивните совети да допрат до младите генерации.

Екипата на Курир со директорот на Агенцијата за млади и спорт присуствуваше на тренингот на ракометарите на Вардар. Тие велат дека владината кампања ќе им помогне на младите да ги научи каква исхрана треба да се консумира.

Директорот на АМС, Марјан Спасески истакна дека не смееме да дозволиме здравиот начин на живот да претставува само една минлива навика.

-Здравиот начин на живот е одлично оружје во борбата против лошите навики и пороците на современото живеење. Тоа едноставно значи преминување во здрав начин на живот преку избалансирана исхрана и континуирана физичка активност, односно редовно рекреирање и спортување.Не смееме да дозволиме здравиот начин на живот да претставува само една минлива навика. Мене ми е особено драго што спортистите во Република Македонија се приклучија на кампањата којашто ја води Владата на Република Македонија за здрав живот и здрава исхрана, бидејќи тие треба да претставуваат вистински пример за здрав и квалитетен начин на живот.Сакам да упатам апел до сите граѓани на нашата земја, до сите млади луѓе, особено до сите неактивни граѓани, да внимаваат на начинот на исхрана, да внимаваат на здравиот начин на живот и истовремено да најдат време и можност барем два-три пати во неделата да спортуваат и рекреираат, бидејќи само на тој начин ќе можеме да обезбедиме добра борба против пороците и болестите на 21 век, истакна Спасески.

Карачиќ, Дибиров, Лазаров и Ангелов за КУРИР објаснија зошто ја поддржуваат владината кампања.

„Секако дека исхраната е многу важна. Не само за спортистите, туку и за сите луѓе. Јас како дете, а сигурно и денес момчињата и девојчињата не водат сметка за тоа, но како што растеме и во мојот случај со кариерата многу внимавам. Не е важно само да се бавиме со спорт и да се тргнеме од улица, туку важна е и исхраната.Гледаме дека доаѓа до многу проблеми од неправилната исхрана. Преку спортот научив дека тоа ми дава поголема енергија и ми ја продолжува кариерата, па едноставно колку и да поминувам време на тренинг, секој ден си правам план и програм што да внесувам во својот организам за да имам повеќе енергија за натпревари и тренинзи.-Тоа се природни ресурси кои мораме да ги користиме, да се внесува многу зеленчук, витамини. Ние имаме свој план и програм, кој ден протеини и јаглени хидрати, избегнуваме благи работи, газирани сокови… Сето она што е лошо за сите луѓе, не само за нас, спортистите. Се обидуваме што повеќе да го искористиме она што ни го дал Господ“. –ИГОР КАРАЧИЌ

„Владината кампања ја поддржавме затоа што особено за добар спортист ни треба здрава храна. За голем успех најважна ни е здравата храна и за напредок во спортот. Ја поддржувам Владата на Република Македонија заради идејата за здравата храна за живот.Конзумирам производи кои не се многу мрсни, здрава храна. Повеќе конзумираме пилешко месо, телешко месо, овошје и зеленчук“.-ПЕТАР АНГЕЛОВ (ДИВИ)

„Ја поддржуваам оваа кампања затоа што знам, сум почувствувал од личен мој пример дека консумирањето на здрава храна и правилниот начин на исхрана помага во тоа да се доведе телото во идеална позиција за натпревар.Тој испрати порака до младите луѓе освен тоа што ќе се одлучат да спортуваат по два-три пати на ден, мора да се грижат и да консумираат здрава храна, да се грижат за својата исхрана, да бидат поуспешни во спортувањето“. – ФИЛИП ЛАЗАРОВ

„Младите треба да јадат здрава, спортска храна. Нашите деца и децата кои тремираат и играат ракомет, тие деца треба да јадат правилна храна, храна за спортисти. Тоа е најважна работа во спортот. Не само за ракомет, туку за сите спортови“-ТИМУР ДИБИРОВ