Ракометарите од Софија ќе полетаат за Данска

Македонската ракометна репрезентација поради лошите временски услови на аеродромот Александар Велики во Скопје мораше да отпатува со автобус до Софија од каде ќе полета за Данска.

Ракометарите поладнево тргнаа за Софија од каде во 19.00 часот треба да полетаат за Данска. Според очекувањата “црвено – жолтите” во Хернинг се очекува да пристигнат пред полноќ. Ова значи дека ќе го пропуштат вечерниот тренинг, но за утре од 11 до 12 часот е закажан нов тренинг

Македонија својот прв настап на првенството ќе го одигра утре во 20.30 часот против селекцијата на домаќинот Данска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.