Ракометарите од „Вардар“ се дружеа со учениците од ОУ „Кочо Рацин“

ракомет

Детскиот џагор со салата внесе несекојдневна енергија во која уживаа и вардарци Мијајло Марсениќ, Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов, Даниил Шишкарев, Алекс Душебаев, Фереира Мораес Рожерио, Лука Циндриќ, Александар Деревен, Вуко Борозан, Хорхе Македа и Иван Чупиќ, исполнувајќи им ги барањата и желбите на децата од 2.а одделение.

„Дојдовме да ги видиме ракометарите. Јас не знам да играм ракомет, но сакам да тренирам”, вели второ одделенката Миа Милошевска.

Нејзината другарка Луна Јачев беше облечена во црвен дрес и ја користеше секоја можност да собере што повеќе автограми.

„Јас дојдов да играм со ракометарите на Вардар. Сега не тренирам ракомет, одам на пливање, ама навивам за Вардар”, рече Луна, повикувајќи ја групата дечиња во хор гласно да навиваат – Вардар, Вардар, Вардар…

Нашиот шампион в сабота го игра последниот натпревар од СЕХА лигата „Газпром” за оваа година, по што играчите одат на пауза до февруари следната година.