Ракометарките со пораз ги завршија квалификациите за ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз ги заврши квалификациите за Европското првенство во Франција откако беше совладана од Србија со 35:30 на гостувањето во Ниш. со пораз и без пласман го заврши настапот во квалификациите.

Македонските ракометарки пружија посериозен отпор во првите десетина минути од натпреварот, но во останатиот дел од натпреварот Србинките доминираа.

Македонските ракометарки завршија на третото место во групата со четири порази во натпреварите против Србија и Шведска, но и две победи против Фарските Острови.

Србија со денешната победа го освои првото, а Шведска на ЕП ќе оди како втропласирана.

Репрезентативката Мирјета Бајрамоска, која одлучи да ја заврши ракометната кариера, денеска го одигра последниот натпревар во дресот на македонската репрезентација.