Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан, доживеал сообраќајна несреќа

Ракометарот на Вардар и на репрезентацијат на Црна Гора, Вуко Борозан, доживеал сообраќајна незгодна, кога управувајќи го својот автомобил излетал од замрзнат пат, според информации на црногорскиот ракометен портал Handball.me.

Борозан е вон животна опасност, имал полесни повреди на телото, но се добил повреда на мускулот на задната ложа на десната нога и неофицијално мора да мирува околу два-три месеца. 

Левиот бек на Вардар и првата ѕвезда на Црна Гора доживеал сообраќајна несреќа во близина на Цетиње, кога неговиот автомобил излетал од замрзнатиот пат.

Повеќе информации се очекуваат деновиве, кога ќе биде извршена магнетна резонанца на повредената нога.

Црна Гора, чиј главен адут е Борозан, се наоѓа во група со македонската репрезентација, Словенија и Германија во група во Загреб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.