Спорт

Ракометните кадети убедливо поразени од Шпанија

Ракометните кадети убедливо поразени од Шпанија

Кадетската репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на Европското првенство што се одржува во Полска, откако нашите ракометни надежи попладнево загубија од фаворитот Шпанија со убедливи 31-16.

За разлика од првото коло, кога имаа контрола над играта и резултатот во скоро целиот натпревар, избраниците на Александар Јовиќ овојпат налетаа на ривал што беше поквалитетен од нив, па не беа ниту близу до евентуално изненадување.

Кадетската репрезентација на Македонија во третото коло од групата ќе се сретне со Данска.