Ракотинци ќе добие нова спортска сала и канализација

Ракотинце ќе добие нова спортска сала и канализација
Ракотинце ќе добие нова спортска сала и канализација

Во село Ракотинци во Општина Сопиште ќе се инвестира во изградба на канализациска мрежа, изградба на мултифункционална  сала и ќе се преземат активности за санирање на свлечиштето што е повторно активно.

Жителите на Ракотинци денеска ги посетија премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и раководството на општината.

Во однос на барањето за канализациска мрежа премиерот информира дека е во изработка проект по што ќе следи тендерска постапка и избор на изведувач на работите. Плановите се изградбата да почне напролет, во март или април наредната година. Инвестицијата ќе изнесува 170.000 евра.

При посетата на училиштето во Ракотинци  беше најавено дека до крајот на месецов ќе заврши темелната обнова на училишната спортска сала со финансии од општината.

Жителите на Ракотинци информираа дека повторно е активно свлечишттео што било санирано во 2009 година, за што премиерот го задолжи министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски да испрати стручни екипи за да направат увид во состојбата и да се преземат неопходните активности.

Покрај тениското игралиште кое ќе почне да се гради за 10 дена во Сопиште, на средбите во Ракотинви беше најавено дека следната година ќе стартува изградбата на  мултифукционална спортска сала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.