Ракотинци, Сопиште денеска без вода

Јавнотот претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека денеска без вода поради дефекти на водоводната мрежа останале дека од жителите од Припор, Сопиште и Ракотинци.

Поради дефект на приклучна цефка профил ф-1 цол на улица 10 во с.Сопиште, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците 10 и 12 од 10:30 часот па се до санирање на дефектот.

Поради промена на потисна цевка профил ф-110 милиметри во с.Ракотинци, без водоснабдување ќе останат корисниците од с.Добридол од 10:30 часот па се до санирање на дефектот.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-150мм на улица Христо Татарчев бр.2, без водоснабдување ќе останат корисниците од населеното место Припор 1 од 11:30 часот па се до санирање на дефектот.