Раководството на Бока тргуваше со своите навивачи

Раководството на славниот аргентински клуб Бока Јуниорс, кога се финансиите во прашање, направи уникатен потег.

Откако пред одреден период силен дожд речиси го уништи теренот, клубот реши тревата да биде променета во целост. Но она што е интересно дека тревата не беше фрлена во отпад, туку напротив, Бока со неа направи добра зделка.

Подлогата беше разделена во саксии, а секој навивач на клубот можеше да си купи дел од тревата за 23 долари. Со овој потег Бока би требало да заработи околу 300.000 долари, додека навивачите ќе можат да си додадат и парче трева од легендарниот стадион “Бонбониера”.

bombonjera treva